Руските сили го завршија повлекувањето од градот Херсон на 11 ноември, по речиси девет месеци окупација. Тие сега се позиционирани на источниот брег на Днепар, од каде редовно го гранатираат градот
Најмалку 32 лица во јужниот дел на украинската област Херсон се убиени од руско гранатирање откако силите на земјата се повлекоа пред две недели, изјави началникот на украинската полиција.
Руските сили го завршија повлекувањето од градот Херсон на 11 ноември, по речиси девет месеци окупација. Тие сега се позиционирани на источниот брег на Днепар, од каде редовно го гранатираат градот.
„Секојдневното руско гранатирање го уништува градот и ги убива мирните локални жители. Русијавкупно уби 32 цивили во регионот Херсон од крајот на окупацијата“,
рече началникот на националната полиција Ихор Клименко во објава на Фејсбук.
Многу луѓе се евакуираат за да побараат засолниште во помирните делови на земјата. Но, многу жители остануваат во своите домови и ние мора да им обезбедиме најголема можна безбедност, додаде тој.
Минатата недела, висок функционер изјави дека Украина наскоро ќе започне со евакуација на луѓето кои сакаат да го напуштат регионот.
Клименко, исто така, рече дека истражителите снимиле вкупно 578 воени злосторства извршени од руските војници, додека Москва рутински ги отфрла обвинувањата дека цивилите се цел на нејзините сили.