Последниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација од групата 3 во Лигата на нации против Бугарија ќе се игра на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје
Продажбата на билети ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на „МК тикетс“ со физичко присуство на купувачите, а електронска продажба на влезници нема да има
Продажбата на билети за последниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација од групата 3 во Лигата на нации против Бугарија, на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе почне в понеделник.
Како што денеска објави Фудбалската федерација на Македонија, билетите ќе се продаваат по цена од 250 и 350 денари за северната и јужната трибина.
Продажбата на билети ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на „МК тикетс“ со физичко присуство на купувачите, а електронска продажба на влезници нема да има.
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети.
Влезниците ќе се продаваат во Скопје, Велес, Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Струмица и Радовиш.
„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на ‘рисовите’ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации“,
апелираат од ФФМ.