За возилата од Б категорија возачите ќе плаќаат 70 денари на патарината кај Преод и 50 денари на патарината кај Кадрифаково
Од понеделник во 07 часот наутро почнува наплатата на двете нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип.
Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека на наплатните станици Преод и Кадрифаково ќе има опција и за електронска наплата.
„На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина. Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина. Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по 7 (седум) наплатни кабини.“,
велат од ЈПДП.
Ценовник по категории на возила:
ПРЕОД
1А Категорија – 40 денари
1Б Категорија – 70 денари
2-ра Категорија – 100 денари
3-та Категорија – 180 денари
4-та Категорија – 270 денари
КАДРИФАКОВО
1А Категорија – 30 денари
1Б Категорија – 50 денари
2-ра Категорија – 80 денари
3-та Категорија – 150 денари
4-та Категорија – 220 денари
Изградбата на двете патарини чинеше близу 5 милиони евра.