На Фејсбук денеска се појави настан креиран од извесен Винариј Анчевски со кој на 18 јуни се повикува на протест пред ДИК.
Насловен како „Протест против изборниот грабеж врз Левица“, настанот е ислустриран со изборниот материјал од Левица на која се носителите на листите во изборните единици на парламентарните избори, поради што и настанот се поврзува со партијата.
Но вечерва на официјалната Фејсбук страница на Левица се појави известување со кое се укажува дека тие не се креатори на настанот и дека се работи за лажен профил и се бара од членството да го пријават.
Од Левица најавија дека за изборните нерегуларности и како што велат украдените гласови ќе поднесат приговори до ДИК, но демантираат дека ќе протестираат пред ДИК.
Според податоците што вечерва ги соопшти ДИК, Левица има освоено два пратеника.