Здравствените власти денеска во земјава регистрираа 40 нови случаи со ковид-19. Од нив повеќе од половина се во Скопје – 26.
Во Министерството за здравство прашавме како се заразиле новите пациенти, односно од кои кластери се, а оттаму ни испратија информација за нови случаи по општини. Според тоа, најмногу од денешните 26 случаи се во Аеродром – 9.
Во Чаир се 6, во Сарај 4 и во Центар 2.
Во општините Кисела Вода, Петровец и Гази Баба има по еден случај.
10 од денешните 40 нови случаи на ниво на Македонија, пак, се во Тетово. Специјализантот по епидемиологија Наим Скендери од Центарот за јавно здравје – Тетово денеска изјави дека од нив повеќето се луѓе кои биле во контакт со заразено лице, но и дека има нови кластери, што, според него, е најголемиот ризик за зголемување на бројките.
Останатите 4 случаи кои влегоа во денешната статистика се од Куманово, Прилеп, Велес и Битола.