Во болничките капацитети во земјава како резултат на ковид се сместени вкупно 372 пациенти од кои еден се води како суспектен.
Според последните податоци на Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и седум деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Од почетокот на пандемијата дијагностицирани се 12 840 пациенти со ковид во земјава, бројката на оздравени пациенти е 9 361, на починати е 547, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 932.