Основното јавно обвинителство Делчево до делчевскиот суд достави предлози за казни за 11 лица. За секој од нив, се бара казна од по 2 000 евра или вкупно 22 000 евра.
Како што соопшти Јавното обвинителство, седум лица се обвинети бидејќи се движеле во време на полициски час. Четворица, пак, ја прекршиле наредбата за самоизолација.