Јавното обвинителство пред малку за „360 Степени“ официјално потврди дека доцна попладнево е одземен еден телефонски уред од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Од таму дообјаснуваат дека не се вршени други дејствија, односно претрес на дом, како што веќе објавија дел од медиумите.
Од обвинителството засега не потврдуваат дали одземањето на телефонот е директно поврзано со истрагата против Боки 13 и Зоки Кичеец, кои рекетирале осомничено лице во случајот „Империја“ на СЈО, во замена за прекин на постапка или поблаго постапување од засега неименуван обвинител.