„Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривичното дело грабнување од член 141 од Кривичниот законик“, навеле од ОЈО Скопје за „А1он“
Случајот со исчезнувањето на дваесет и шестгодишниот Самоил Костадиновски, за кого медиумите пренесоа дека е внук на политичарот и лидер на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, и официјално се води како грабнување, потвдиле за „А1он“ од Основното јавно обвинителство Скопје.

Во истрагата за случајот, како што се наведува, се приведени две лица поврзани со грабнувањето за кои Обвинителството доставило предлог до Основниот кривичен суд во Скопје да им биде одреден притвор
„Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – грабнување од член 141 од Кривичниот законик“,
навеле од Обвинителството за А1он.
Оттаму посочиле дека во интерес на постапката засега не се во можност да соопштат повеќе детали.
Информации за исчезнувањето на Костадиновски во медиумите се појавија на 6 март откако претходно на социјалните мрежи почнаа да кружат повици тој да биде пронајден бидејќи му се губи секаква трага.
Според објавите, тој бил киднапиран во близина на чешката амбасада во Скопје.
Како што објави ММС, младиот Костадиновски е внук на поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен лидер на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски од брат на неговата сопруга Виолета.
Информацијата за исчезнувањето на момчето ја потврдија и од МВР, од каде што соопштија:
„На 4.3.2023 во осум часот во СВР Скопје, М.К. (32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К. (26). Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот“,
Инаку, лицето што го пријавило исчезнувањето бил неговиот брат.
На 6 март во изјава за медиуми и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека скопската полиција презема мерки и постапува во случајот со исчезнатиот 26-годишникот.
„Од вчера (5 март) се преземаат активности во низа на оперативно-криминалистички постапки од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје. Ќе ги согледаме сите факти што ќе произлезат од истрагата за да видиме и да откриеме за лицето што се води како исчезнато“,
изјави Спасовски.