Обвинителството не отворило предмет за министерката за финансии Нина Ангеловска поради повлекувањето на парите од Еуростандард банка пред Народната банка да и ја одземе лиценцата за работа, објави ТВ 24.
Од Обвинителството за ТВ 24, образложиле дека постапуваат само ако се утврдени елементи на кривично дело, а во случајот повлекувањето пари не е тоа, бидејќи таа е сопственик на парите.
Ангеловска денеска ги демантира информациите во врска со повлекување на нејзините средства од Еуростандард банка, нагласувајќи дека не е точна сумата која се наведува во новинарските текстови, како и тоа дека прите ги повлекла пред згаснување на банката.
Министерката за финансии во писмената изјава тврди дека единствено е точно дека имала депозит во оваа банка и дека дел од парите претходно повлекла за да купи стан. Исто така, таа тврди дека не знаела дека на банката ќе и биде одземена дозволата за работа.
Поранешниот гувернер на НБ Петар Гошев претходно за ТВ24 изјави дека смета оти министерката за финансии Нина Ангеловска ја злоупотребила својата положба со повлекувањето на парите од Еуростандард банка, на која пред два дена Народната банка и ја одзесе лиценцата за работа.
Според Гошев таа, ако не се работи за кривично дело, тигаш има голем етички проблем, биидејќи таа имала увид во состојбата на банката како член на Комитот за финансиска стабилност.