Официјалната Фејсбук страница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше неодамна хакирана. Веќе ги презедовме сите неопходни чекори за да го пријавиме нападот кај менаџерскиот тим на Фејсбук и додека истиот не се реши, сите објави или пораки добиени од хакираната страница не се авторизирани од ОБСЕ, соопшти ОБСЕ.
„Овој инцидент е уште еден потсетник за сајбер-заканите во денешното дигитално доба, кои без исклучок ги погодуваат приватните бизниси, владата и меѓународните организации“,
стои во соопштението од ОБСЕ.
Од Министерството за надворешни работи потенцираат дека немаат никаква надлежност за управувањето на Фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја префрли вината на нив велејќи дека власта се фалела со претседавањето со Организацијата и троши пет милиони евра, а сега сме добиле „Виетнамски хотлајн“.
Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје вчера беш хакирана. Од ОБСЕ потврдија и предупредија дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани.