Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени
Облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, најавува УХМР за денес. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни, над 30 l/m2. На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3 , а максималната ќе достигне 5 степени.

Според најавите на УХМР, утре времето ќе биде облачно со слаб локален дожд и снег наутро, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје облачно и тивко, кон крајот на денот облачноста ќе се намалува.
До средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со појава на магла по одделни котлини. Нови врнежи од дожд и снег со послаб интензитет се очекуваат во среда попладне и во четврток.
