Новата малопродажна цена на еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 76 денари, еуросупер БС-95 ќе се продава за 83 денари литар, а еуросупер БС-98 за 85,5 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство останува 75 денари за литар
Од ноќеска на полноќ цената на еуродизел (Д-Е V) се намалува за половина денар за литар, додека бензинот еуросупер БС-95 поскапува за половина, а литар еуросупер БС-98 за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Според одлуката на Регулаторна, нема промена во малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).
Со одлуката малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,13 отсто.
Новата малопродажна цена на еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 76 денари, еуросупер БС-95 ќе се продава за 83 денари литар, а еуросупер БС-98 за 85,5 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство останува 75 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,222 денари за килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,797 денари.
Како што посочуваат од Регулаторната комисија за енергетика, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, во споредба со претходната пресметка, кај бензините бележат зголемување во просек за 2,891 отсто, кај дизелот за 0,594, кај екстра лесното масло за 0,566 и кај мазутот за 0,314 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,817 отсто.