На „Табановце“, пак, за влез во државата се чека половина час

На граничниот премин „Богородица“ за излез кон Грција утрово се чека околу еден час, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Притоа, за влез во државата од истиот граничен премин се чека десет минути.
На „Табановце“, пак, за излез од државата ќе ви бидат потребни десет минути, но за влез се чека половина час.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
