Според УХМР, од четврток до крајот на седмицата, во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови.
И во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот.
Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Според УХМР, од четврток до крајот на седмицата, во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
