Во понеделникот дојави за бомби имаше во 16 скопски училишта, а по проверките на единиците за антитероризам на МВР беше утврдено дека сите дојави за бомби кои биле испратени се лажни
По три дена пауза, денеска повторно има нови дојави за бомби, овој пат во 13 скопски училишта. Информацијата ја потврдија од МВР.
„Дoсега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 13 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,
посочуваат од полицијата.
Во понеделникот дојави за бомби имаше во 16 скопски училишта, а по проверките на единиците за антитероризам на МВР беше утврдено дека сите дојави за бомби кои биле испратени се лажни.