Промена на времето се очекува од петок, кога ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи
Утрото ќе биде ведро и студено, а преку ден ќе преовладува сончево и топло време со температури до 28 степени. Ова, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), е временската прогрноза за денешниот ден.

Минималните температури ќе се движат од -3 до 8 степени, додека максималните ќе достигнат од 22 до 28 степени.
Во Скопје се очекува сончево и релативно топло време со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 2 до 26 степени.
И утре времето ќе биде слично како денеска, односно утрото ќе биде постудено, но во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Промена на времето се очекува од петок, кога ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи.
