Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје, на 73 годишна возраст
Министерството за здравство соопшти дека од 1 570 тестирања на ковид-19, во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 739 нови случаи. Од нив 153 се реинфекции.
Најмногу новозаразени има во Скопје – 262, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35, Прилеп, Тетово и Велес – по 28, Гостивар и Штип – по 24, Струмица, Струга и Радовиш – по 19, Неготино – 14, Кичево, Кочани и Свети Николе – по 13, Ресен – 12, Крива Паланка – 10, Гевгелија – 8, Делчево, Богданци и Кратово – по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар – по 4, Демир Капија – 3, Дебар и Дојран – по 2.
Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје, на 73 годишна возраст.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 4 218.
Комисијата за заразни болести (КЗБ) по денешниот состанок не препорача воведување на нови рестрикции за заштита од ковид-19, но апелираше на совесно и одговорно однесување.