Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од 1.153 направени тестови регистрирани се 411 нови случаи на Ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни (411), регистрирани се 88 реинфекции, додека регистрирани сe 210 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Од новорегистрираните најголем број се од Скопје-208 и Битола-33. По еден позитивен случај е регистриран во Охрид, Гевгелија, Свети Никола, Берово, Богданци, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран.
Досега во земјата се направени вкупно 2.092.345 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.140, бројот на оздравени пациенти е 305.712, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.091