Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјава, а со тоа вкупната бројка на заразени изнесува 219, соопштува Министерството за здравство.
Од новите регистрирани случаи, 11 се од Скопје, четири од Прилеп, двајца од Куманово и еден од Тетово.
Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во: Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Охрид (3), Велес (3), Кавадарци (2), Тетово (2) Гостивар (1)
Досега од вкупните 219 случаи, три лица оздравеа и исто толку починаа.
Министерот за здравство Венко Филипче закажа прес-конференција за денеска во 14:30 часот.