Ова е втор сличен инцидент за само 24 часа. Двајца албански војници се повредени откако двајцата руски државјани заедно со Украинецот се обиделе да влезат во воен објект во централна Албанија
Уште четворица чешки државјани се уапсени под сомнение за шпионажа во Албанија. Ова доаѓа по инцидентот во воениот објект во Грамш кога уапсени беа двајца руски и еден украински државјанин.
Чесите се приведени откако насилно влегле во објектот, шетале низ тунелите, фотографирале и снимале. Албанското Министерство за одбрана соопшти дека интервенирано е откако е забележано движење на неидентификувани лица во и околу објектот.
„Уапсени се четворица чешки државјани, двајца мажи и две жени. Мажите влегле во еден од тунелите, кои се функционални меѓу себе, со кршење на влезната врата, снимале и фотографирале. Воената полиција во соработка со државната полиција веднаш ги изолира влезовите во тунелите, што речиси сите се меѓусебно поврзани, а по извршената контрола привеле двајца чешки државјани,
се вели во соопштението.
Двете жени биле затекнати надвор од објектот како фотографираат, па биле приведени.
Според првичните информации, Чесите влегле во тунелот во кој се наоѓале машини за производство на делови за противвоздушна опрема.
Ова е втор сличен инцидент за само 24 часа. Двајца албански војници се повредени откако двајцата руски државјани заедно со Украинецот се обиделе да влезат во воен објект во централна Албанија.
„Тројца граѓани со руски и украински пасош се обиделе да влезат во фабриката. Полицајците кои ја обезбедуваа фабриката веднаш реагираа, но при нивните напори да ги спречат тројцата странски државјани, двајца наши војници беа повредени“,
се додава во соопштението.