Во последново деноноќие во Кина нема ниту едно починато лице од коронавирусот. Ова е прва ваква ситуација во Кина откако почна епидемијата.
Според Националната здравствена комисија на Кина, вкупниот број потврдени случаи на инфекција во земјата досега е 81 740, а починале 3 331 лица.
Во Кина повеќе внимание се посветува на случаи кои доаѓаат од странство, особено на оние атипични, кои немаат симптоми, но се носители на заразата.
Во Вухан, каде што започна пандемијата на вирусот ковид-19, првпат од 23 јануари, бидејќи градот е целосно ставен во карантин, од ноќеска се укинува забраната за движење и ќе се овозможи влез и излез од градот.