По министерот за правда Бојан Маричиќ и СДСМ, реакција за одлуката Сашо Мијалков да излезе од притвор упати и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.
Јавноста, вели тој, има право да знае врз која основа судиите решиле да пуштат лице за кое има првостепени пресуди со високи затворски казни.
„Одлуката на Апелациониот суд во Скопје за укинување на мерката притвор за Сашо Мијалков е скандалозна и ја поткопува довербата во судскиот систем кој треба да испорачува правда за сите. Јавноста има право да знае врз која основа судиите ја донеле оваа одлука за лице за кое има изречено првостепена пресуда со казна затвор од 20 години за тешки кривични дела. Токму ваквите судски пресуди го разнишуваат интегритетот на судството и се дополнителен аргумент за потребата од Закон за потекло на имот“,
реагира Николоски.
Апелација донесе одлука да ја прифати жалбата на Мијалков и понудената гаранција од 11 106 501 евро со цел тој да се брани од слобода. Дополнително, му одреди мерки на претпазливост – одземање и забрана за издавање нов пасош и обврска да се јавува во судот.
Гаранцијата се состои од недвижен и движен имот, а пред Апелација да ја донесе одлуката од Вишото обвинителство Скопје испратиле мислење дека жалбата и гаранцијата на Мијалков треба да се одбијат и тој да остане во притвор во „Шутка“.
Се најавува дека утре Судскиот совет, на седница на работно тело на Советот, ќе дискутира и ќе донесе став за одлуката на Апелацискиот суд во Скопје да го укине притворот на бившиот директор на УБК.
*Поврзани вести:
Мијалков излегува од притвор, Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра
Вишото обвинителство барало да се одбие гаранцијата на Мијалков
Судскиот совет веројатно утре ќе дискутира за ослободувањето на Мијалков
Маричиќ „удри“ по судиите што го пуштија Мијалков од притвор
И СДСМ ги нападна судиите за пуштањето на Мијалков од притвор