Пребарувањето се одвива по должината на реката Вардар, од критичните точки во градот кон низводните подрачја, во координација со полицијата и локалните служби, соопшти ДЗС
Продолжува потрагата по исчезнатото лице во реката Вардар кај Гостивар. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), по вторпат се ангажирани специјализирани тимови за потрага, по барање на МВР, а во активностите на терен учествува и заменик-директорот на ДЗС, Кашмир Салиу.
Пребарувањето се одвива по должината на реката Вардар, од критичните точки во градот кон низводните подрачја, во координација со полицијата и локалните служби.

„Во потрагата е вклучен Тимот за брз одговор (ТБО) за спасување на води, со логистичка поддршка од Подрачното одделение на ДЗС – Гостивар“,
соопшти ДЗС.
Од ДЗС апелираат граѓаните кои имаат информации за исчезнатото лице или ќе забележат нешто покрај коритото на реката, веднаш да пријават во полиција или на телефонскиот број 112.
Според информациите објавени во дел од медиумите, се трага по 27-годишниот Шемо Шабани од Гостивар кој бил пријавен за исчезнат кон средината на октомври.
