„Ние ќе се бориме да ја одбраниме трасата и велиме дека е добра. Ако нашите аргументи победат, ќе градиме по таа траса. Ако нашите аргументи не победат, ќе градиме по траса што е малку подолу“, изјави министерот за транспорт, додавајќи дека изградбата на делницата Требениште – Ќафасан во рамките на Коридорот 8 не е загрозена
Министерот за транспорт Александар Николоски тврди дека изградбата на делницата Требениште – Ќафасан во рамките на Коридорот 8 не е загрозена и дека нејзината траса ќе се утврди во соработка со УНЕСКО. Причината, додава тој, е што УНЕСКО смета дека трасата е проблематична бидејќи минува низ заштитени подрачја.

„Но, ќе видиме финално што ќе кажат на крајот на јуни или почекотот на јули. Ние ќе се бориме да ја одбраниме трасата и велиме дека е добра. Ако нашите аргументи победат, ќе градиме по таа траса. Ако нашите аргументи не победат, ќе градиме по траса што е малку подолу. Но, повторувам, не е прашањето дали, прашањето е по која траса ќе го гардиме автопатот Требениште – Ќафасан”,
изјави министерот за транспорт.
Во април годинава премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата ќе бара ново решение за трасата на Коридорот 8 доколку УНЕСКО не даде дозвола за изградба на делниците што поминуваат низ заштитени подрачја.
