Како аргумент во полза на ова, премиерот Заев денеска посочи дека доколку би се вовел полициски час тој би бил од 21 до изутрина. Но, тоа и сега функционира без полициски час, со таа разлика што службите кои би се грижеле за негово спроведување може да завршат друга квалитетна работа
Засега остануваат истите мерки за заштита од ковид-19 и не се планира воведување полициски час или карантин, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, дали зголемениот број за заразени од ден во ден ќе наложи нови рестрикции.
Како аргумент во полза на ова, тој посочи дека доколку би се вовел полициски час тој би бил од 21 до изутрина. Но, тоа и сега функционира без полициски час, со таа разлика што службите кои би се грижеле за негово спроведување може да завршат друга квалитетна работа.
И мерката за карантин, рече премиерот, може да се донесе во кое било време.
„Јас лично сум против вакви мерки, но не се целосно исклучени доколку Комисијата за заразни болести процени дека се потребни и ги препорача. Ниту Владата ниту министерот за здравство не пресекуваат сами. Мерките се носат на предлог на Комисијата за заразни болести. Првите согледувања што ги добивам како информација од министерот Венко Филипче се дека резултатите од досегашните мерки се видливи. Прво, веројатно поради стравот од казни, а потоа најверојатно поради стравот од заразата. Трето, во пракса ќе видите дека по 21 часот речиси и да нема луѓе надвор или какви било групирања. Исто така, онаму каде што се случуваат прекршувања се преземаат драстични мерки“,
рече Заев.
Во врска со вклучувањето на Армијата, според Заев, тоа е искуство преземено од многу други европски земји, кое досега се покажало како позитивно решение. Пораката која се сака да се испрати со ангажирањето е дека сите капацитети на државата им се ставаат на располагање.
И министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека не се размислува за дополнителни ограничувања и мерки од постојните и истакна дека прво очекуваат да ги видат ефектите од моменталните, за две-три недели.