Тој апелираше да не се излегува од дома освен кога е неопходно – до маркет, на работа и на училиште, и притоа да се користат сите мерки за заштита
Во овој момент нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, туку само да се почитуваат сегашните, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
На денешната прес-конференција тој апелираше да не се излегува од дома освен кога е неопходно – до маркет, на работа и на училиште, и притоа да се користат сите мерки за заштита.
„Вирусот е широко распространет и мало невнимание може да значи инфекција“,
предупреди Филипче.
Тој рече дека состојбата во земјава по ништо не се разликува од состојбата што во моментов владее во регионот, Европа и во светот, а тоа е огромен пораст на бројот на заразени, хоспитализирани и починати.
Но, нагласи дека здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот и упати благодарност до сите здравствени работници.
„Иако работиме под голем притисок и ситуација која претходно никој не ја предвидел, сепак здравствените работници многу навремено и одговорно одговорија на овој предизвик. Со почитување на мерките, очекуваме во следните две-три недели да го видиме ефектот“,
рече Филипче.