Според извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР), синоќа во 19 часот и 47 минути, во ГОБ „8 Септември“ се случил инцидент во кој повреден е 36 годишен вработен во болницата
Насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила, и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми.
Ова денеска го порача Независниот синдикат на здравствените работници, откако вчера вечер во ГОБ „8-ми Септември“, пациент со нож нападна здравствен работник.

„Директорите на ЈЗУ преку физичкото и мониторинг обезбедување, бараме зголемување на безбедноста на здравствените работници за време на работа во здравствените институции“,
се вели во соопштението на Независниот синдикат на здравствените работници.
Според извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР), синоќа во 19 часот и 47 минути, во ГОБ „8 Септември“ се случил инцидент во кој повреден е 36 годишен вработен во болницата.
„Станува збор за вработениот Д.Т. кому со нож му била нанесена расеченица од страна на 77 годишен пациент во болницата, кој бил од Скопје“,
соопшти МВР.
Според пријавата во МВР, напаѓачот и претходно во ходникот агресивно се однесувал кон вработена во болницата.