Ниту еден од блоковите не е блиску до мнозинство од 61 пратеничко место во Кнесетот, кој брои 120 пратеници, без поддршката на партиите предводени од Палестинци. Тие, исто така, се противат на Нетанјаху, а според оваа анкета, се очекува да освојат вкупно 18 пратенички места – што за нив претставува рекорден број

Излезните анкети од изборите во Израел не покажуваат јасен победник – блокот против Нетанјаху е во водство, но неговата Ликуд останува најголема поединечна партија, пишува „Гардијан“ по затворањето на избирачките места во Израел.
Според излезните анкети на главните израелски телевизиски станици, мнозинството Израелци гласале против коалицијата на Бенјамин Нетанјаху, но неговата партија Ликуд излезе како најголема политичка сила.
Излезната анкета на „Канал 12“ покажува дека блокот на опозициските партии предводени од Гади Ајзенкот, кои се противат на Нетанјаху, е најголем и се очекува да освои вкупно 52 пратенички места, наспроти 50 места за партиите што го поддржуваат Нетанјаху.
Исто така, се предвидува дека партијата Ликуд на Нетанјаху ќе освои 24 места во Кнесетот, додека за партијата Јашар на Ајзенкот се предвидуваат 22 места.
Ниту еден од блоковите не е блиску до мнозинство од 61 пратеничко место во Кнесетот, кој брои 120 пратеници, без поддршката на партиите предводени од Палестинци. Тие, исто така, се противат на Нетанјаху, а според оваа анкета, се очекува да освојат вкупно 18 пратенички места – што за нив претставува рекорден број.
Излезните анкети се прелиминарни процени на резултатите, а не официјални бројки. Конечната распределба на местата би можела да биде клучна за формирање нова влада, особено со оглед на улогата на помалите и арапските партии. Првите официјални резултати се очекуваат во текот на ноќта.
Избирачките места низ цел Израел се затворија во 22 часот по локално време по ден обележан со рекордна излезеност.
Според Централната изборна комисија, излезеноста на гласачите на национално ниво до 20 часот изнесувала 74,3 отсто.
Ова не само што претставува пораст во однос на 66,3 проценти забележани во истото време за време на изборите во 2022 година, туку оваа бројка ја надминува и тогашната вкупна излезеност од 70,6 отсто.
