Според неофицијални информации, станува збор за 14-годишно девојче кое поради мразот изгубило контрола, се излизгало од патеката и удрило во дрво

Девојче денеска загина на скијачка патека на Соришка Планина во Словенија. Полицијата добила пријава за несреќата околу 9:40 часот. Според досегашните информации, детето излетало од патеката додека скијало и удрило во дрво. Поради тешките повреди починало на лице место.
Иако на местото на несреќата брзо пристигнале прва помош и хеликоптер на словенечката армија со полиција, тие не успеале да го спасат детето.
Полицијата го обезбеди местото на инцидентот, врши увид и продолжува интензивно со собирање информации за сите околности за инцидентот, а се вршат разговори и со очевидци на настанот.
ТВ Словенија објави дека и покрај итната реанимација, девојчето починало на местото на несреќата од тешките повреди.
Според неофицијални информации, станува збор за 14-годишно девојче кое поради мразот изгубило контрола, се излизгало од патеката и удрило во дрво.