Французинот Дамијен Тарел (28), кој му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон, е осуден на четири месеци затворска казна.
Тарел, кој за себе рече дека е десничарски патриот, исто така доби забрана да работи во јавниот сектор и пет години не смее да поседува оружје.
Тој на сослушувањето призна дека пред два дена му удрил шлаканица на Макрон додека се поздравувал со граѓани на југоистокот на Франција. Тарел изјавил дека тоа го сторил непланирано и од гнев поради пропаѓањето на Франција.
„Кога го видов неговиот пријателски лажен поглед, почувствував гадење и имав бурна реакција. Тоа беше импулсивна реакција и се изненадив и од сам себеси“,
рекол Тарел пред судот.
Тој додал дека има екстремнодесничарски уверувања, но дека не е припадник на никоја организација или партија.
Шлаканицата предизвика бурни реакции во политичката класа на Франција, иако Макрон се обиде да ја минимизира ситуацијата велејќи дека тоа е изолиран инцидент.
Француското обвинителство претходно побара 18 месеци затвор за Тарел.