Поповски повеќе од две децении работеше како спортски новинар, известувајќи најмногу за фудбалот
Денеска, на 54-годишна возраст ненадејно почина спортскиот новинар Зоран Поповски, објави спортскиот сајт „Спортманија“, во чија редакција Поповски работеше во изминатите години.
Поповски повеќе од две децении работеше како спортски новинар, известувајќи најмногу за фудбалот. Тој беше дел од редакциите на телевизијата А1, дневните весници „Дневник“ и „Македонски спорт“ и сајтовите „Екипа“ и „Република“. Последниот работен ангажман го имаше во „Спортманија“, каде што беше од 2018 година.
Поповски ќе биде погребан утре на Градските гробишта „Бутел“ во 13 часот.