Вонпарламентарната опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, се спротивстави на уставните измени, сметајќи дека се еднострани, додека шефот на државата рече дека овој чин е неуставен и неприфатлив
Со мнозинство гласови, албанскиот Парламентот го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот на Републиката, со што се укинуваат изборни коалиции.
Како што и се очекуваше, немаше изненадување во гласањето. За измените гласаа 106 пратеници, против беа 10 додека шест пратеници не присутвуваа на седницата.
Вонпарламентарната опозиција,предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, се спротивстави на овие измени, сметајќи дека се еднострани и штети за неа.
Дебатата следуваше по серија средби на Политичкиот совет, во кој маше претставници од сите страни, но без никаква полза, бидејќи партиите одбија да се откажат од своите позиции.
Гласањето следуваше по четиричасовна жолчна расправа, во која учествуваше и премиерот Еди Рама, кој убедлво изјави дека „денеска изборните коалиции се бришат“.
Тој рече дека со измените албанските гласачи ќе можат да гласаат не само за партија, туку и за пратеник.
Останува да се види каква ќе биде реакцијата на странците, кои апелираа да нема еднострано изгласување на уставните измени.
Познавачите на политичките состојби во Албанија оценуваат дека изгласувањето на измените, без согласност на вонпарламентарната опозиција, ќе ја влоши политичка состојба во земјата, што ќе влијае на парламентарните избори, кои треба да се одржат во јуни следната година.
„Денешниот чин на еднострана измена на Уставот, во Собранието со ограничен легитимитет, е неуставен и неприфатлив“,
оцени албанскиот претседател Илир Мета.
Тој додаде дека „насилните измени во Уставот ги уништиле консензуалните договори од јануари и јуни, кои овозможија сеопфатен процес и производ, уништвајќи ја довербата меѓу страните, социјалниот мир во земјата и процесот на евроинтеграции на Албанија.
„Опортунистичката реторика и лицемерието на некои од странците се против аспирацииите и стратешкиот проект на Албанците за градење европска иднина. Ниту една заложничка банда нема да може да избега од заслужениот одговор што ќе го добијат од обединетите граѓани против овој државен удар“,
напиша Мета на фејсбук.
Додава дека претседателот на Републиката како и секогаш ќе биде на чело на функцијата во одбрана на Уставот и војата на граѓаните да ја преземат судбината во свои раце.
„Еди Рама денеска го повика албанскиот народ на историско соочување. Денес се гордее дека е син на комуњар кој среде Кукс обеси поети за слободниот збор. Ние Албанците ќе одговориме со албанштина до крај“,
порача Мета.
Покрај Мета, пред денешната седница на парламентот, и странски дипломати во Тирана, како и високи функцонери на ЕУ, апелираа до премиерот Рама да не се донесуваат уставните измени без вонпарламентарната опозиција.