Според објавите во некои медиуми, кои се повикуваат на сведоштва на посетители, евакуацијата настанала по активирање противпожарни аларми во трговскиот центар
Нема дојава за поставени експлозивни направи во кој било трговски центар низ Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Ова следува откако дел од медиумите објавија дека попладнево посетителите во трговскиот центар „Ист гејт мол“ се замолени мирно и без паника да го напуштат објектот.
Засега нема официјална информација зошто е спроведена евакуација во овој трговски центар.
Сепак, според објавите во некои медиуми, кои се повикуваат на сведоштва на посетители, евакуацијата настанала по активирање противпожарни аларми во трговскиот центар.
