Според Министерството за внатрешни работи на Украина, две деца на возраст од шест и осум години се меѓу шестмината загинати кога руски ракети погодиле приватни домови во градот Синјелников. Третото дете починало подоцна во болница, а се наведува дека се повредени уште неколку лица
Најмалку девет лица, меѓу кои и три деца, се убиени во двата руски напади во украински регион Днепропетровск, кој се наоѓа во југоситочниот дел на земјата, пренесува Би-би-си.
Нападната е станица во главниот град Днепар, а неколку куќи биле погодени уште на исток во Синелниково.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјавил дека нападот ја истакнал потребата секој град да има соодветна воздушна одбрана. Со недели бара од западните сојузници дополнителна воена опрема, особено системи за противвоздушна одбрана, а неодамна рече и дека без американската воена помош Украина нема да може да и се спротивстави на Русија.
Според Министерството за внатрешни работи на Украина, две деца на возраст од шест и осум години се меѓу шестмината загинати кога руски ракети погодиле приватни домови во градот Синјелников. Третото дете починало подоцна во болница, а се наведува дека се повредени уште неколку лица.
Во Днепар, главниот град на регионот, уште две лица загинале, а 20 се повредени при удар на петкатница.
Според министерството, спасувачките служби продолжуваат да ги пребаруваат урнатините и стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголеми. Нападнато било и породилното одделение.
Украина со месеци предупредува дека и снемува оружје способно да собори руски ракети и беспилотни летала, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг посочи дека земјата има итна и критична потреба од нова воена помош.
Воздухопловните сили на Украина тврдат дека денеска собориле руски стратешки бомбардер ТУ-22М3, кој бил користен за истрелување на суперсонични крстосувачки ракети КХ-22 врз украинските градови.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека падот на авионот е предизвикан од техничка неисправност откако бомбардерот завршил борбена мисија.
Гувернерот на Ставрополската област Владимир Владимиров изјави само дека авионот се урнал во руско поле, северно од главниот град и дека двајцата пилоти се пронајдени живи.
Третиот член на екипажот загинал, а спасувачките служби трагаат по четвртиот.