Британската агенција наведува дека Министерството за одбрана на Русија соопштило дека стратегискиот бомбардер се урнал во јужниот руски регион Ставропол, на стотици километри од територијата под контрола на Украина, додека се враќал во базата по извршување борбена мисија. Се вели дека несреќата е предизвикана од технички дефект
Украина објави дека во петокот по првпат соборила руски стратегиски бомбардер ТУ-22М3, уништувајќи го воениот авион што може да носи ракети со долг дострел што се користат за напади на украинските градови, пренесува Ројтерс.
Британската агенција наведува дека Министерството за одбрана на Русија соопштило дека стратегискиот бомбардер се урнал во јужниот руски регион Ставропол, на стотици километри од територијата под контрола на Украина, додека се враќал во базата по извршување борбена мисија. Се вели дека несреќата е предизвикана од технички дефект.
По руската објава, командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук изјави дека Киев го уништил воениот авион.
„По првпат противвоздушни ракетни единици на Военото воздухопловство, во соработка со Одбранбената разузнавачка служба на Украина, уништи стратегиски бомбардер со долг дострел ТУ-22М3, носач на крстосувачки ракети КХ-22 што ги користат руските терористи за напад на мирните украински градови“,
рече Олешчук.
Украинската воена разузнавачка агенција објави дека воен авион учествувал во нападот со долг дострел на Украина. Претходно во петокот Русија изврши голем ракетен напад врз централниот регион Днепропетровск, каде што десетици луѓе беа убиени и ранети.
Непотврдени снимки на социјалните мрежи покажуваат како воен авион со запалена опашка спирално се движи кон земјата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека бомбардерот не носел бомби.
Рускиот регионален гувернер Владимир Владимиров изјави дека пилотите се катапултирале, но еден од нив загинал, додека за четвртиот е во тек операција за спасување.