Повеќе информации за текот на несреќата ќе има по анализата на апаратите за снимање присутни во автобусот
Автобусот, кој утринава излета од пат и се преврте во Хрватска на автопатот А4 помеѓу Јарек Бишашки и Подворец, бил на транспортната компанија „Мегапол“ од Плоњск, а Јацек Антоншкевич, директор на „Мегапол“, за порталот onet.pl потврдил дека автобусот е нивни и дека бил технички исправен.
„Во шок сум, возачите не се почетници и не верувам дека можеле да заспијат додека возат. Се беше организирано како што треба. Можам да дадам гаранција“,
изјави Антоншкевич.
Како што пишува rmf24.pl, автобусот бил регистриран во Полска и ги поминал сите пропишани контроли, соопшти полското Министерство за инфраструктура.
„Возилото е произведено 2011 година, регистрирано е во Полска и ги има сите проверки пропишани со закон, техничкиот преглед е извршен во јуни годинава и важеше до 13 декември 2022 година“,
стои во соопштението на Министерството за Инфраструктура на Полска објавено на Твитер.
Како што нагласуваат од министерството, повеќе информации за текот на несреќата ќе има по анализата на апаратите за снимање присутни во автобусот.
„Полските служби, вклучително и инспекцијата за патен транспорт, работат на утврдување на причините за несреќата“,
нагласуваат од министерството.
Автобусот со аџиите тргнал од Варшава вчера наутро, а во Меѓугорје требало да пристигнат во раните попладневни часови.
Во тешката сообраќајна несреќа животот го загубија 12 лица, 19 се тешко повредени, а 13 полесно.