Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во деновите од викендот ќе се задржи стабилното и суво време со студени утра и температури под нулата, а дневните ќе се движат во границите на просекот за овој период од годината
Денеска времето во земјава ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по котлините, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поизразена во источните и југоисточните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус седум до три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од два до 10 степени.
Во Скопје се очекува слично време, со студено утро и услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе биде претежно сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 10 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во деновите од викендот ќе се задржи стабилното и суво време со студени утра и температури под нулата. Дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. По котлините и долж Повардарието ќе наутро има услови за појав на магла и зголемена ниска облачност.