Во Скопската Котлина маглата ќе се задржи во претпладневните часови, а во остатокот од денот се очекува таа да се подигне и да преовладува сончево и претежно тивко време, со мала до умерена облачност
И денеска по одделни котлини во земјава ќе биде магловито, а во текот на денот се очекува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура се движи во интервал од минус три до три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од осум до 16 степени.
Во Скопската Котлина маглата ќе се задржи во претпладневните часови, а во остатокот од денот се очекува таа да се подигне и да преовладува сончево и претежно тивко време, со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 12 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе има појава на магла и ќе биде постудено. Од среда, од УХМР најавуваат локални врнежи од дожд.