Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку електронска пошта или преку социјалните мрежи од лице за кое се сомневаат дека лажно се претставува во име на Народната банка, веднаш да го пријават случајот во Народната банка преку официјалната е-адреса: [email protected]
Граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании што нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства, повикуваат од Народна банка (НБ).
„Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на барање од непознати лица. Доколку имате добиено или ако во следниов период добиете неочекувани телефонски повици, е-пошта или СМС од сомнителни адреси или телефонски броеви во кои ви се нуди нешто што не изгледа реално и вистинито, или ако од вас се бара откривање на личните податоци, не започнувајте комуникација во која ќе ги дадете вашите лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка“,
се вели во соопштението на НБ.
Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку електронска пошта или преку социјалните мрежи од лице за кое се сомневаат дека лажно се претставува во име на Народната банка, веднаш да го пријават случајот во Народната банка преку официјалната е-адреса: [email protected], се додава во соопштението.
