Според она што е познато, во нападот било употребено „оружје за прободување“. Повредените лица се веќе пренесени во болницата

Напаѓач сериозно повредил најмалку четири лица во фитнес студио во стариот дел на западниот германски град Дуизбург, јавуваат германските медиуми. Нападот веројатно бил извршен со нож.
Настанот се случил вечерва, а случајот го потврди и германската полиција преку објава на Твитер.

Властите потврдиле дека во тек е акција што ја предводи полицијата од блискиот град Есен и ги советуваат граѓаните да ја избегнуваат областа.
„Сè уште никој не е уапсен“,
изјавиле од полицијата во Есен за новинската агенција ДПА.
Според она што официјално е соопштено, во нападот било употребено „оружје за прободување“. Повредените лица се веќе пренесени во болницата.