Тедрос потенцираше дека втората година од пандемијата ќе биде посмртоносна од првата, а она кое посебно загрижува, како што рече, е ситуацијата во Индија
Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање деца против коронавирусот и наместо тоа да донираат вакцини за посиромашните земји преку механизмот Ковакс.
„Ги разбирам причините зошто некои земји сакаат да вакцинираат деца и адолесценти, но ги повикувам да ја преиспитаат одлуката во овој момент и да донираат вакцини во Ковакс“,
нагласи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на денешниот брифинг со медиумите.
Тедрос потенцираше дека втората година од пандемијата ќе биде посмртоносна од првата, а она кое посебно загрижува, како што рече, е ситуацијата во Индија.
Премиерот на Индија, Неренда Моди, пак, денеска порача дека ситуацијата во државата е алармантна, а официјалните бројки покажуваат дека веќе има над 24 милиони заразени, а трет ден по ред има над 4 000 починати.