Од почетокот на следењето, односно од 14 јули во двете здравствени установи се извршени вкупно 4 483 прегледи. До надлежните институции се доставени 1 014 формални пријави за заразна болест, а обработени се 706 нови епидемиолошки анкети. Со тоа, според ресорното министерство, е постигната покриеност од 70 отсто
Иако намалувањето на бројот на прегледи е охрабрувачки показател, сепак, според МЗ, состојбата во Гостивар и понатаму внимателно се следи
Намален е бројот на нови прегледи во Гостивар поврзани со ситуацијата со водата за пиење, соопштија денеска од Министерството за здравство (МЗ).
Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 36 прегледи, што е двојно помалку од бројката евидентирана во претходниот ден.

„Епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти што побарале медицинска помош“,
се вели во соопштението од Здравство.
Во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар вчера се извршени вкупно 36 прегледи. Во моментов во болницата се хоспитализирани четворица пациенти.
Од почетокот на следењето, односно од 14 јули во двете здравствени установи се извршени вкупно 4 483 прегледи.
До надлежните институции се доставени 1 014 формални пријави за заразна болест, а обработени се 706 нови епидемиолошки анкети. Со тоа, според ресорното министерство, е постигната покриеност од 70 отсто.
Според МЗ, иако намалувањето на бројот на прегледи е охрабрувачки показател, сепак, состојбата во Гостивар и понатаму внимателно се следи.
„Продолжува засилениот епидемиолошки надзор, прибирање и обработка на податоците, анкетирање на пациентите и координирано спроведување на сите неопходни мерки за заштита на населението“,
соопштија оттаму.
