По двајца пациенти во моментов се хоспитализирани и на инфективното и на одделението за педијатрија во Општата болница „Д-р Ферид Мурад”-Гостивар
Вкупно 73 пациенти вчера побарале лекарска помош и се јавиле на преглед во јавните здравствени установи во Гостивар – информираат денеска од Министерството за здравство.

Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад”-Гостивар, регистрирани се вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективното и 18 на педијатриското одделение. По двајца пациенти во моментов се хоспитализирани и на инфективното и на одделението за педијатрија.
Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 28 нови прегледи во дежурната служба.
