Битката за главниот град на Украина Киев може да биде новиот руски Сталинград, изјави украинскиот пратеник Свјатослав Јурак за Би-Би-Си.
Јурак, кој е најмладиот украински пратеник и поранешен советник на Зеленски, помага во волонтерската одбрана во Киев. Тој рече дека главниот град се соочил со интензивно рекетирање во текот на ноќта, а на периферијата на градот се уште траат борби.
Тој предупредува дека Русија треба да се подготви за големи загуби доколку го нападне Киев.
„Тоа е огромен милионски град и ако Русите се обидат да влезат, ќе има голема борба – ова ќе биде нивниот Сталинград“. Никој нема да се предаде, тоа дефинитивно можам да го гарантирам“,
рече тој, мислејќи на најкрвавата битка во Втората светска војна во која загинаа околу 1,1 милион советски војници и 800 000 нацисти
Јурак додаде дека ја координирал доставата на залихи, вклучително и вреќи со песок, како и дека разговарал со различни воени единици за „ефикасно“ да ја водат претстојната битка.