Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде групата Ал шабаб која е поврзана со терористичката организација Ал каеда
Најмалку пет лица загинаа, а над 15 се повредени во терористичкиот напад што се случи во главниот град на Сомалија, Могадишу.
Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде групата Ал шабаб која е поврзана со терористичката организација Ал каеда. Цел на нападот бил конвој на Обединетите нации кој минувал по улицата. Експлозијата се случила во близина на крстосницата К4, во центарот на Могадишу, а била предизвикана од автомобил бомба.
Како последица на експлозијата, урнати се ѕидовите на основно кое се наоѓало во близина, а уништени се и голем број автомобили.

Американската амбасада во Сомалија, преку Твитер, изрази сочувство до семејствата на жртвите и повредените и потенцираше дека САД силно ги осудуваат сите облици на тероризам.
„Луѓето во Сомалија заслужуваат да живеат живот без страв од напади“,
се посочува во американската реакција.
Според локални медиуми, во експлозијата загинале осум лица, а најмалку 23 се повредени.