Силните временски услови предизвикаа хаос во крајбрежниот град Анкона – главниот град на регионот и селата околу него, при што паднаа повеќе од 400 милиметри дожд за неколку часа. Поради невремето кое предизвика поплави, загинаа најмалку десет лица, а четворица се водат за исчезнати. Околу 50 лица, пак, побарале третман во болниците поради повреди
Најмалку 10 лица загинаа, а четворица се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку градови во централна Италија. Официјални лица рекоа дека околу 50 лица, пак, побарале третман во болниците поради повреди.
Силните временски услови предизвикаа хаос во крајбрежниот град Анкона – главниот град на регионот и селата околу него, при што паднаа повеќе од 400 милиметри дожд за неколку часа.
„Тоа не беше водена бомба, туку цунами“,
рече градоначалникот на областа Барбара, Рикардо Пасквалини за ненадејниот дожд синоќа што го уништи неговиот град во централниот италијански регион Марке, во близина на Јадранското Море.
Поројните води ги поплавија гаражите и подрумите, автомобилите беа носени и фрлани еден врз друг, а некои ниви во близина на морето беа неколку метри под вода. Поради поплавите, десетици луѓе мораа да бараат засолниште на покривите или на дрвјата и да чекаат да бидат спасени поради поплавите предизвикани од обилните дождови.
Стотици пожарникари дојдоа да ги спасат поединците кои беа блокирани и зафатени во поплавите, нудејќи чамци за спасување и помош. Воедно, работеа и на отстранување на паднатите дрвја и гранки во густата кал, барајќи евентуални жртви. Тие шетаа низ вода до половината по поплавените улици, а некои веслаа со гумени чамци за да ги земат преживеаните.
Поради поплавите, голем дел од жителите останаа без вода за пиење, а многумина останаа и без струја.