Најголем дел од новите случаи на ковид-19 во земјава се лица на возраст од 40 до 49 години, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Според последните податоци кои го опфаќаат периодот од 13 до 19 јули, од вкупно 1 038 нови случаи 220 лица биле на возраст од 40-49 години или изразено во проценти тоа се 21,1 отсто од вкупниот број новозаболени.
Поголем број на заболени се регистрирани и кај лицата на возраст од над 60 години или 214 случаи.
Слична е и стапката на заболени лица на возраст од 30 до 39 години. На оваа возрасна група припаѓаат 205 заболени лица, а 204 или 19,7 отсто се лица од 50 до 59 годишна возраст.
Во една недела регистрирани се и 23 заболени деца до 9 годишна возраст или изразено во проценти тоа 2,2 отсто од вкупниот број на заболени во текот на една седмица. Триесет и шест пациенти се на возраст од 10 до 19 години.
Од вкупниот број на нови случаи, 360 или 38,6% имале контакт со потврден случај.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 583 (56,2%) лица од женски и 455 (43,8%) од машки пол.
Во една седмица регистрирани се 44 смртни случи од 11 градови, а најголем дел или 36 од нив, се лица над 60 години.
Од починатите, 41 биле хоспитализирани, а 3 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.
Заедно со последните статистики кои Министерството за здравство ги објави денеска, вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9 412, бројката на оздравени пациенти е 4 940, на починати е 432.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4 040.