За една недела, во држава се регистрирани вкупно 1 038 нови случаи на ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Заклучно со неделата (19.07.2020) најголем дел од новите случаи, или речиси 40 отсто, се жители на Скопје.
После главниот град, најголем број новозаразени се откриени во Штип- 149, Свети Николе -82 и Тетово каде во една недела се откриени 78 нови случаи.
Заедно со последните статистики кои Министерството за здравство ги објави денеска, вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9 412, бројката на оздравени пациенти е 4 940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4 040.
Според вкупниот број на активни случаи во моментов, Скопје и натаму предничи пред другите градови, со 1 892 активни случаи.
После тоа, следуваат Тетово со 302 и Куманово со 247 активни случаи.
Според смрноста пак, ако се земат предвид последните податоци од Центрите за јавно здравје на чие подрачје има барем 100 регистрирани случаи на ковид-19, црн рекордер по бројот на починати пациенти споредено со вкупниот број на заболени останува Струга.
Таму од вкупно 370 заболени, битката со вирусот ја загубиле 41 лице, или изразено во проценти леталитетот е 11,1 отсто.
После Струга, најголем леталитет има во Тетово (7,4%) и Прилеп (7,4%), па Гостивар (6,7%), додека во Скопје леталитетот е 4 отсто.