Во последните 24 часа нема починати пациенти од ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.
Ова е прво деноноќие кога земјава не регистрира смртен случај по речиси два месеца. Последен пат починати пациенти немаше во дневниот извештај на здравствените власти на 25 мај. Тогаш два дена по ред (24 и 25 мај) немаше смртни случаи. Тоа го покажува и статистиката на официјалната веб-страница koronavirus.gov.mk.
Од ковид-19 досега во земјава досега се починати вкупно 432 пациенти. Највисок број на смртни случаи во едно деноноќие, пак, беше регистриран на 2 јули, кога имаше 15.